Тренерот на Њукасл ги замоли навивачите за малку трпение

Тренерот на премиерлигашот Њукасл, Еди Хау, истакна дека сè уште се навикнуваат на животот по заминување од тимот на Александар Исак и ги замоли навивачите за малку трпение.

„Одигравме три гостински натпревари во Премиер лигата со 0-0, што е целосно несогласно со нашиот напаѓачки стил на фудбал. Сега кога Исак го нема, нашата офанзивна линија мора да се реорганизира“, рече Хау.

Исак, кој постигна 62 голови и 11 асистенции во три сезони во дресот на Њукасл, на крајот од летниот преоден рок се пресели во Ливерпул, кој плати 150 милиони евра за шведскиот голгетер.

Њукасл на местото на Исак го ангажираше централниот напаѓач Ник Волтемаде (23), висок 198 см, за кого му платија на Штутгарт 75 милиони евра како обесштетување, што е најскапото засилување во историјата на Њукасл.

Бидејќи доцна се приклучи на тимот, германскиот напаѓач одигра само два натпревари за Њукасл на кои постигна еден гол.

„Со своето движење и игра, Волтемаде може да биде многу корисен во поврзувањето на дефанзивците и играчите од средниот ред со напаѓачката линија. Мораме да се навикнеме на неговиот стил на игра и да го користиме подобро. Тимот се развива во нова насока, се надевам на подобра. Но, потребно е време“, рече тренерот Хау.

Back to top button
Close