Ф1: Хорнер официјално го напушти Ред Бул, ќе добие 80 милиони фунти испратнина

Поранешниот шеф на Ред Бул, 51-годишниот Британец Кристијан Хорнер, официјално го напушти тимот кој, под негово водство, беше повеќекратен победник во Формула 1 и во конкуренција на возачи и во конкуренција на конструктори, а раскинување на договорот висока испратнина.

Во официјалното соопштението објавено попладнево на веб-страницата на Ред Бул не се прецизираните финансиските услови

Хорнер доби отказ во јули по 20 години на чело на Ред Бул и беше заменет со Лоран Мекис.

„Дејли мејл“ и „Тајмс“ објавија дека Хорнер заминал од Ред Бул за исплата на компензација од 80 милиони фунти – помалку отколку што би добил доколку го исполнеше договорот до 2030 година – и дека ќе има право да се врати во Формула 1 следната година.

„Неверојатно сум горд на тоа што го постигнавме како тим – уривајќи рекорди и достигнувајќи височини за кои никој не би верувал дека се можни, и ќе го носам тоа со себе засекогаш“, порача Хорнер во соопштението.

Ред Бул победија на последните две трки, вклучувајќи ја и неделната во Азербејџан, а четирикратниот светски шампион Макс Верстапен доминираше од пол-позицијата.

Back to top button
Close