Тачи: Ако ДУИ продолжи да манипулира, ќе кажам за сѐ што го молеа Мицкоски
Лидерот на ДПА – Мендух Тачи на емисија на тв21 вчера кажа дека ќе ги обелодени сите кои го „молеле“ Мицкоски, само ако од ДУИ продолжат со манипулации.
Тој рече дека се кае што се приклучил на Европскиот фронт, и дека го почитува Мицкоски што го исполнил ветувањето дека нема да го земе Ахмети во Владата.
„Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следниот јавен настап ќе кажам колкупати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, и како се согласиле да влезат во Владата, дури и без претседател на Парламентот“ – рече Мендух Тачи