Италија: Поплавите носат сè на својот пат – луѓе се спасуваат со хеликоптери

Силни дождови ја погодија северна Италија, а погоден е и Комо.

Градот Комо и околниот регион Ломбардија беа погодени од обилни дождови во понеделник, предизвикувајќи прелевање на езерото и големи поплави. Водата ги парализираше патиштата, бројни возила останаа под вода, а пожарникарите имаа полни раце работа.

Домовите, бизнисите и јавната инфраструктура беа поплавени, а жителите со страв гледаа како поројните води им го однесуваат имотот. Според извештаите на локалните медиуми, штетата е значителна.

Ова длабоко го потресе италијанскиот прволигаш Комо, кој испрати порака за поддршка до локалната заедница, а тренерот Сеск Фабрегас беше особено емотивен:

„Моите мисли се со сите во Комо денес. Гледањето како нашето прекрасно езеро се прелева и штетата што ја предизвика е срцекршачко. Комо е повеќе од град за мене, тоа е мој дом, мое семејство, моја заедница.

До сите луѓе, семејства и претприемачи кои беа погодени, знајте дека не сте сами. Ние сме со вас и верувам во силата и единството на овој град. Заедно ќе го надминеме ова и ќе го видиме Комо како повторно блеснува“, рече Фабрегас, додавајќи дека ќе ги донира сите приходи од натпреварот од Купот на Италија против Сасуоло, кој ќе се игра во среда, 24 септември, на локалната заедница.

Неколку железнички линии, вклучувајќи ја и линијата Комо-Кијасо, беа во прекин.

Метеоролозите предвидуваат уште дожд во следните два дена.

Спасувачките екипи користат хеликоптери за да им помогнат на луѓето заробени во своите домови.

Повеќе од десетина туристи се спасени од камп откако беа зафатени од дождот преку ноќ. Една жена е исчезната.

Милано, главниот град на Ломбардија, исто така е погоден. Реката Севесо се излеа од своето корита.

Градскиот совет ги повика жителите и посетителите да бидат претпазливи во близина на реката. На жителите им е кажано и да ги напуштат зелените површини и парковите

Back to top button
Close