“Ниту една повеќе” – повикува на блокада на раскрсницата кај “Жена Парк Борец”

Револтирани од игнорирањето на пријавите за физичко и психолошко насилство и закани, игнорантскиот однос на институциите, фактот што МВР наместо пријави прима “поплаки” кои потоа не ги процесуира до ОЈО револтираните граѓанки и граѓани овој четврток во 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај Паркот жена борец.

-Време е за организирање и здружено делување. По минатонеделниот протест “Ниту една повеќе”, повикуваме на блокада, овој четврток во 18:00 часот на раскрсницата кај “Жена Парк Борец” преку размена во јавен простор да го канализираме нашиот колективен гнев и заедно да ги дефинираме нашите барање кон институциите кои ги загрозуваат нашите животи. Дојдете на улица и придружете се во заедничката борба против насилството врз жените и културста на насилство – стои во најавата на блокадата.

Back to top button
Close