Македонија не го направи проблемот, тој се случи, но сме дел од решението: Деспотовски за европскиот пат

Пред најавената резолуција за црвени линии на СДСМ за евроинтеграциите, членот на СДСМ, Јован Деспотовски вели дека треба да се внимателен оптимист.

-Ние имавме еден процес до пред изборите 2024 година кој беше недобар или не ги застапуваше ставовите на сите граѓани. Ова што сега се случува е веројатно еден чекор кон креирање на нова ситуација во која што двете најголеми партии ќе се усогласат кон одредени ставови. Внимателен затоа што сме се изнагледале во минатото ситуации во кои што сме имале некаков позитивен исчекор, ама потоа се распаѓало. Оптимист затоа што изјавата и на претседателот на Владата не беше веднаш отфрлена иницијативата на опозицијата. Во сегашниот капацитет не би знаел дали нешто се случува од аспект на комуникација. Важно е што ќе се случува откако ќе се презентира резолуцијата пред јавноста и која би била реакцијата, рече Деспотовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, Македонија е дел од проблемот и ЕУ има свои проблеми, меѓутоа таа е и дел од решението.

-Мораме да бидеме практични. Македонија не го направи проблемот, тој се случи, и некако сме дел и од решението. Не мислам дека можеме да се потпираме на столчето дека без Македонија нема да се случи следното проширување. Ќе се случи. Албанија и Црна Гора се на добар пат. Дали тоа ни се допаѓа или не, е друго прашање. Има принципи и вредности, но и реални околности на кои што треба да се прилагодиме ако сакаме да работиме во интерес на луѓето кои треба да ги застапуваме. Очигледно е дека има засилен интерес и поддршка за Албанија и Црна Гора. Преговорите во суштина се техничка работа, кажа Деспотовски.

Back to top button
Close