Поранешната министерка предупредува: Без целосна истрага – нови трагедии како со Росица ќе се повторат

Професорката по право и поранешна министерка за правда, Рената Десковска, реагираше по повод двојното убиство и самоубиството што неодамна се случи во Велес, предупредувајќи дека случајот не смее да се затвори само затоа што убиецот е мртов.

 

Таа како пример го наведе најновиот случај Scuderoni против Италија (бр. 6045/24), во кој Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 и член 8 од Европската конвенција за човекови права поради тоа што властите не презеле навремени и соодветни мерки за заштита на жртвата. Судот тогаш наложи исплата на 15.000 евра за нематеријална штета и 10.000 евра за трошоци.

 

 

„Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за идни случаи. Не може секогаш вината да се бара во наводните ‘дупки’ во законите“, напиша Десковска.Таа истакна дека најблиските роднини на убиените имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и на Европската конвенција за човекови права, како и да бараат надомест на штета.

Back to top button
Close