Го натепале затоа што им рекол дека ќе изгубат на избори – МВР го потврди насилството во Струмица
МВР го потврди настанот со претепаното лице во Струмица.
– На 23.09.2025 во 04.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ј.(45) од село Просениково, струмичко. Тој околу 02.00 часот во село Просениково физички го нападнал К.С.(39) од истото село и му нанел тешка телесна повреда. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против К.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. – велат од СВР Струмица.
Според информациит кои ги пренесе порталот Инфомакс, лице блиско до владејачка партија го нападнал К.С поради вербална расправија токму на тема партија и изборни резултати. Неофицијално, повредениот има пет скршени ребра и повреди во пределот на лицето