Сиљановска – Давкова се сретна со Гутереш во Њујорк

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден.

По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе присуствува на ручекот што за лидерите од Западен Балкан го организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според агендата, таа ќе присуствува и на церемонијата организирана од страна на Атлантскиот совет за доделување награди за глобални граѓани, како и на приемот организиран од меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

Back to top button
Close