Шукова: Орце Ѓорѓиевски избега од соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова информира дека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ одбил да учествува на дебата во емисијата „Само Вистина“ – соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје
-Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот.
Но, емисијата беше откажана затоа што Орце Ѓорѓиевски одби да учествува. Ова е уште еден доказ дека кога треба да се соочи со аргументи, тој избира бегство и изговори.
Јас сум подготвена за дебата, секогаш и секаде. Скопје заслужува транспарентност, а не кандидати кои бегаат од јавна одговорност – напиша Шукова на фејсбук.