Динамо Загреб ќе гостува во Србија

Следниот четврток (2.октомври) екипата на Динамо Загреб и Макаби од Тел Авив ќе играат натпревар од Лига Европа во Бачка Топола. Веста ја пренесоа хрватските медиуми, откако неколку денови се зборуваше дека израелските екипи се наоѓаат под сериозен дипломатски притисок да бидат исфрлени од европските купови, како што тоа беше своевремено направено со екипите од Русија.

УЕФА информираше дека нема да има никакви промени и дека Динамо Загреб ќе мора да гостува во Србија и да игра против Макаби.

Фудбалскиот сојуз на Израел продолжува да работи и да ја задржи својата позиција во европскиот фудбал, но свесни се дека постои шанса да бидат исклучени. Во моментов Израел останува дел од спортските натпреварувања, иако постои реална опасност спортските екипи од оваа држава да бидат исклучени поради настаните во Газа

Back to top button
Close