Гасперини по победата над Ница: Не е лесно да се игра на гостински терен во европските натпреварувања, но Рома покажа самодоверба и карактер
Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, го коментираше триумфот од 2:1 над Ница во првото коло од Лигата на Европа.
-Мислам дека одигравме добар натпревар. Не е лесно да се победи на гостински терен во европските натпреварувања, но мојот тим покажа самодоверба и карактер. Да, веројатно не бевме многу опасни во првото полувреме, но натпреварот трае 90 минути. Ако доминирате, имате повеќе шанса да постигнете гол, изјави Гасперини по натпреварот.
Рома во второто коло ќе игра со Лил,, додека Ница ќе се соочи со Фенербахче. Двата натпревара ќе се играат на 2 октомври