Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:0 на гостувањето кај Њујорк Сити ФК.
Ова беше дуел од 31.коло во американската МЛС-лига.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец со овие два погодока стигна до 24 и се одвои на врвот на листата стрелци.
Зад Меси се наоѓаат Денис Буанга од Лос Анџелес со 22 и Сем Сариџ од Нешвил со 21 гол.