Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
Фудбалерот на Ница, Данте се запиша во историјата на Лигата на Европа како највозрасен играч.
Бразилецот кој е капитен на францускиот тим, синоќа играше во поразот (1:2) од Рома во првото коло од Лигата на Европа. Тој имаше 41 година, 11 месеци и 6 дена во времето на натпреварот.
Ница ќе игра против Фенербахче во второто коло од Лигата на Европа. Натпреварот ќе се одржи на 2 октомври.