Ванковска: Тврдењето на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт
Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време…
Пишува на фејсбук, професорката и некогашна кандидатка за Претседателка на Македонија од редовите на Левица, Билјана Ванковска
Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект!
ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава.
Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини… Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност…
Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.
Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.