Движењето „Ниту една повеќе“ со протест пред Собрание
Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради третманот што жените жртви на насилство го добиваат.
Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.
– Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот.
На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, и беше најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.
Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.