Најмногу врнежи во Крива Паланка

Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Крива Паланка, седум литри на метар квадратен, а најмалку во Битола и Берово, еден литар на единица површина. Во Штип наврнале шест литри на метар квадратен, информира УХМР.

До 08:30 часот утрово се измерени 12 степени во Куманово, 13 Берово, Крива Паланка, Крушево, 15 Охрид, 16 Виница, Штип, Претор, 17 Битола, 18 Тетово, 19 Скопје и Струмица, како и 20 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 24 степени.

Back to top button
Close