Мицкоски преку локалните избори сака да крои како ќе изгледаат партиите од албанскиот блок, вели Села


Лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците и дел од коалицијата Европски фронт, Зијадин Села смета дека премиерот Христијан Мицкоски сака да се меша во внатрешните работи на партии. Според Села, Мицкоски преку локалните избори „сака да крои како ќе изгледаат партиите од албанскиот блок по изборите“.

-Колку тежат политичките партии – колку што земаат гласови. За кого ќе гласа Мицкоски во тие општини каде што нема истакнато кандидат? Дали тие партии ќе тежат колку што имаат гласови? Јас сум вистината за непринципиелните коалиции кои се направени во минатото. Јас сум вистината за многу нешта во државата. Победив со многу голема разлика, па после се споија сите политички фактори и сега треба да победам на сите…Не сум некој суперхерој, кажа Села во емисијата „Само интервју“.

Според него „ВМРО-ДПМНЕ ја користи можноста дека во македонскиот политички блок нема конкуренција и сега се занимава со политичката сцена кај Албанците“.

-На долгорочен план ќе имаш се повеќе албански граѓани кои не се задоволни од нивните политички партии. Затоа некој што себеси се вика лидер на партија треба да размислува многу подалеку од што ќе биде овие четири години, истакна тој.

Back to top button
Close