Динамо Загреб без свои навивачи на дуелот во Србија против Макаби
Екипата на Динамо Загреб в четврток гостува на Макаби Тел Авив. Натпреварот ќе се игра во Бачка Топола, Србија. Клубот од Загреб ја пренесе одлуката на УЕФА, дека билети за гостински навивачи за овој натпревар нема да има.
Одлуката УЕФА ја донесе врз основа на процената за безбедносен ризик и според правилниците на УЕФА.
Макаби Тел Авив натпреварите како „домаќин“ ги игра во Бачка Топола, поради конфликтот на Израел со Хамас во Појасот Газа. Сите европски држави со исклучок на Србија и Унгарија одбија да бидат домаќини на израелските екипи.
Во меѓувреме се очекува и одлука за исфрлање на израелските екипи од европските натпреварувања, но евидентно е дека се чекаат и чекорите од страна на Обединетите нации. Според „Тајмс“ УЕФА подготвува вонредна седница на Извршниот одбор да се гласа за суспензија, како потсетување дека таква мерка е воведена против Русија по инвазијата над Украина во 2022 година.