Богата есенска чорба

 

Оваа богата есенска чорба носи топлина на студените денови со секоја лажица. 

 

 

Состојки:
(за 4 лица)

  • 3 лажици масло
  • 100 грама кромид
  • 50 грама панцета
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама корен од целер
  • 50 мл суво бело вино
  • 80 грама златен ориз со 3 зрна
  • 200 грама компири
  • 400 грама печурки (шампињони, буковка, вргањ)
  • 1 лажичка сув зачин
  • црн пипер и сол (по желба)
  • 1 лажица сецкан магдонос

 

Подготовка:

Во загреано масло, пржете го ситно исецканиот кромид додека не добие златно-кафеава боја, потоа додадете ја исецканата панцета. Кратко пропржете, додадете го лукот и исецканиот корен од целер. Прелијте го виното, додадете го оризот од 3 зрна, исецканите компири, прелијте со загрена вода и гответе на тивок оган околу 15 минути. Потоа додадете ги исецканите печурки, сувиот зачин , црниот пипер и солта по потреба. Гответе сè заедно уште околу 20 минути. На крај наросете со сецкан магдонос.

Совет:
Можете да користите само еден вид печурки, а за поинтензивен вкус можете да додадете малку сушени печурки што претходно сте ги натопиле во топла вода.

 

Back to top button
Close