Меџити има забелешки, но ќе гласа за новата влада

 Пратеникот на ДУИ Изет Меџити денеска потврди дека има забелешки за предлог составот на новата влада, но сепак ќе гласа за неа во Собранието.

– Имам свои забелешки за дел од извршната власт, за што детално дискутиравме во партијата. Последниот збор го има лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Не сакам да придонесам да падне влада што има поддршка нашите партнери САД и Европската унија. Ќе гласам за оваа Влада заедно со моите забелешки, истакна Меџити во изјавата за медиумите дадена пред Собранието.

Back to top button
Close