Најмалку 90 луѓе загинаа во поплави во Пакистан

 Најмалку 90 луѓе загинаа и илјадници домови се оштетени во поплавите предизвикани од монсунските дождови што го зафатија Пакистан изминатите денови.

Еден од најпогодените е пристанишниот град Карачи, кој е преплавен со вода од канализација поради лошиот одводен систем во градот.

Властите соопштија дека се евакуирани најмалку 1.200 лица.

Според метеоролозите, во Карачи ќе врне дожд до крајот на неделава.

Покрај поплавите, Пакистан се бори и со епидемијата на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 6.200 луѓе.

Back to top button
Close