Унгарија почна со спроведување на ЕЕС на границата со Србија
Примената на системот ЕЕС (Entry/Exit System) започна утрово на граничниот премин Реске–Хоргош, соопшти Генералниот конзулат на Унгарија во Суботица.

До 11 ноември, новиот систем за регистрација на патници ќе биде воведен и на останатите патни, железнички и речни премини меѓу Унгарија и Србија.
Унгарската гранична полиција за секој патник од т.н. трети земји, создава електронско досие што подразбира фотографирање и земање отпечатоци од четири прста на десната рака. За патниците со пасоши на Европската Унија нема промени.
На преминот Томпа–Келебија, ЕЕС беше воведен на 28 октомври.
Старосна граница за примена на ЕЕС не постои – сите патници ќе мора да поминат низ регистрација, освен децата до 12 години, кои ќе бидат ослободени од давање отпечатоци.
ЕЕС ќе се применува постепено на сите премини до целосна имплементација, која се очекува во април 2026 година






