Рама: Одлуката на Уставниот суд за Велиај е потврда дека не сум ја зграпчил целата власт, сега нека го ослободат од притвор

Албанскиот премиерот Еди Рама во првата реакција по одлуката на Уставниот суд, со која Ерион Велиај останува на функцијата градоначалник на Тирана, наведува дека „оваа одлука на судот покажува, пред сè, дека не сум ја зграпчил целата власт, како што тврди опозицијата“ и додава дека судот сега, според „истиот принцип ќе го ослободи од затвор“.

Во објава на Х тој наведува „некои логички последици од одлуката на Уставниот суд“.

 

„ Ако во Тирана нема да има избори до 2027 година и Уставниот суд смета дека затворениот градоначалник на Тирана не може да се отстрани освен преку избори, тогаш диспропорцијата на неговото држење во затвор не е само на штета на уставните права и слободи на личноста, туку и на штета на уставното право на луѓето од главниот град да бидат опслужени или не од нивниот избран претставник“, напиша Рама.

 

Според него, секој нормален човек кој во ставот на Уставниот суд не гледа слеп став против владата на голема штета на Тирана, туку цврст принципиелен став, не може а да не очекува дека со истиот принцип, при одлуката за неговиот притвор, Уставниот суд ќе го врати Ерион Велиај на должност.

 

„Се надеваме дека секој што е во негова моќ ќе помогне во решавањето на овој апсурден ќорсокак, сеќавајќи се дека главниот град не може да се третира како сирак, во годините што доаѓаат“, пишува Рама.

 

Албанскиот Уставен суд ја поништи на одлуката на Владата за разрешување на Велиај, донесена по предлогот на Општинскиот совет на Тирана и му дава право да продолжи со своите должности како градоначалник на Тирана и покрај фактот дека е во затвор повеќе месеци. Со оваа одлука, се поништува и уредбата на шефот на државата, Бајрам Бегај за одредување на датумот на избори за градоначалник на Тирана.

По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), под сомнение за корпција и перење пари, беше уапсен на 10 февруари годинава а два дена подоцна му беше одредена мерка притвор, која ја издржува во затворот во Драч.

Back to top button
Close