Мармалад од тиква и јаболка

За овој мармалад најдобро е да користите кисели јаболка, поради слаткиот и благ вкус на тиквата.

Состојки:

500 грама излупени јаболка

500 грама исчистена тиква

сок од 1 лимон

150 мл сок од јаболка (100%)

1 ванилин шеќер

1/2 лажичка мелен цимет

500 грама шеќер

 

 

Подготовка:

 

 

Изрендајте ги исчистените јаболка и тиква и префрлете ги во тенџерето во кое ќе се готват, потоа додадете го исцедениот лимон, сокот од јаболка, ванилата, циметот и шеќерот. Добро измешајте сè и покријте, и оставете да отстои најмалку 2 часа. Потоа ставете ги на силен оган да се варат и кога ќе зоврие, намалете ја топлината. Продолжете да готвите уште 30 минути, мешајќи повремено. Тргнете го тенџерето од оган, а потоа исецкајте сè со блендер додека не добиете фино пире. Вратете сè на оган и оставете да зоврие, гответе уште 10 минути.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close