Младите македонски фудбалери убедливо поразени од врсниците од Шведска

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе убедлив од соодветната шведска селекција со 4:1.
На дуелот одигран вечерва во Битола од 5. коло од Групата Е во квалификациите за Европското првенство, Македонците први дојдоа во водство со голот на Елези во 12. минута.
За Шведска головите ги постигнаа Оморова (два), Сонко и Боудри.
На табелата водат Полска и Италија со по максимални 12 бода, Црна Гора и Шведска имаат по 6, Македонија 3, Ерменија е без освоен бод.






