Советот на Општина Виница со нова мерка – 6 000 денари поддршка за секое новороденче
Секое новородено бебе ќе добие еднократна помош во висина од 6 илјади денари, одлучи Советот на Општина Виница на вчерашната седница, прва после конститурањето во новиот состав, расправајќи по предлогот за донесување Одлука за финансиска подршка на семејствата со новороденчиња.

Ваквата мерка има за цел да ги подржи младите при формирањето и зголемувањето на семејството. Исто така, има за цел и да придонесе кон подобрување на демографските трендови во Општината, што е еден приоритетите на новиот Советот.
Покрај оваа, на седницата вчера беше усвоена и Одлуката за отстранување неупотребливите, напуштени и нерегистрирани возила од јавните површини.
Советниците ја одобрија Програмата за организиран дочек на Новата 2026 година.
На почетокот од седницата беше верифициран мандатот на советникот Имит Скопко, кој беше отсутен на претходната седница кога беа потврдени мандатите на останатите советници.
Дополнително, Советот ја изгласа и точката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Виница за 2025 година, односно вториот Ребаланс на Буџетот






