Нова студија открива како утринското кафе влијае врз здравјето на срцето

Првпат систематски е истражено влијанието на кафето врз аритмиите преку рандомизирано клиничко испитување наречено DECAF.

Долго време се препорачуваше лицата со атријална фибрилација – најчестиот срцев ритамски пореметувач, кој предизвикува неправилна и често забрзана работа на срцето – да ја избегнуваат кофеинот. Но, новата студија доаѓа со изненадувачки поинаков заклучок.

Резултатите покажуваат дека секојдневната шолја кафе може да го намали ризикот од повторна појава на ова нарушување и до 39 проценти, што ги доведува во прашање долгогодишните стравови дека кофеинот предизвикува неправилни отчукувања.

Атријалната фибрилација е честа аритмија која настанува поради неправилно и забрзано чукање на преткоморите и може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Затоа многу пациенти бараа начини да го намалат ризикот од повторување.

Студијата DECAF, објавена во EatingWell, опфатила 200 лица со историја на атријална фибрилација или атријален флатер. Учесниците беа поделени во две групи – едната мораше да пие барем една шолја кафе дневно, а другата целосно да избегнува кофеинот.

По шест месеци, пациентите кои пиеле кафе имале значително помал број повторни епизоди: 47% наспроти 64% во групата што не консумирала кофеин. Тоа претставува 39% понизок ризик од повторно појавување на аритмијата

Научниците веруваат дека заштитниот ефект на кафето може да се должи на блокирањето на одредени рецептори во срцето кои учествуваат во развојот на аритмиите, како и на противвоспалителните својства на кафето.

Студијата сугерира дека умерената консумација кафе може да биде безбедна – па дури и корисна – за многу пациенти. Сепак, лекарите нагласуваат дека секој пациент треба да се консултира со кардиолог пред да ги менува навиките во исхраната.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close