Нигериец нападнал полицаец во Градски парк, му нашле пиштол и куршуми

Полицијата пред два дена во Скопје уапси Нигериец кој нападнал полицаец и носел пиштол без дозвола.

-На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок”, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението од полицијата

Back to top button
Close