Одложен денешниот протест против поскапувањето на струјата во Кичево

 Поради православниот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска во Кичево нема да се одржи протестот против поскапувањето на струјата.

Во соопштението на организацискиот совет упатено до граѓаните на општина Кичево се вели дека тие како организациски совет на јавниот протест во Кичево против зголемување на цената на електричната енергија, ја известуваат јавноста дека поради проширувањето на организацискиот совет, како и поради координација со граѓани и од другите етнички заедници кои живеат во нашата општина, а особено поради верскиот православен празник протестот закажан за денеска ќе биде одложен за следната недела.

Барањата остануваат исти и немаме намера да се откажеме се до нивно исполнување вели членот на организацискиот совет за општина Кичево Зеќир Баруши.

– Ние ги имаме истите барања, како и претходните два протеста и тоа поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто , како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика, додаде Бануши.

Тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

Back to top button
Close