Брегу побара зголемен фокус и храбри одлуки на ЕУ за Западен Балкан

Поголем геополитички фокус кон Западен Балкан со „јасни и храбри одлуки со кои ќе се потврди користа од Западен Балкан во ЕУ, но и ќе ја признае штетата поврзана со долгото одложување на членството во ЕУ“, побара Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

Зборувајќи на панел на угледниот ГЛОБСЕК Братислава форум што годинава за прв пат се одржа он-лајн, Брегу упати критика до некои земји од ЕУ, наведувајќи дека често одлуките во Унијата ги носат во светло на домашните грижи и внатрешните политики.

„Граѓаните на Западен Балкан би очекувале истрајни и правични одлуки од земјите членки на ЕУ. Нивните домашни политички прилики и грижи не ретко ги попречуваат вистинските одлуки поврзани со Западен Балкан“, додаде Брегу, наведувајќи дека „граѓаните во регионот се доминантно проевропјани“ и дека „надворешни актери тоа никогаш не успеале да го поткопаат“.

„Европската унија е во таква позиција во регионот што може да покрене укинување на ограничувањата и пречките, што пак, на Западен Балкан може да му помогне да тргне напред“, имајќи пристап до „европските синџири на вредности и на снабдување“, рече Брегу, соопшти синоќа РСС.

Back to top button
Close