СДСМ: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар – ВМРО, велат од СДСМ.

„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството. Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?

Кои се причинско последичните факти?

Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од 10 милиони евра. Постапката сè уште е во тек.

 

Сега дали е појасно?

По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.

Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.

Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.

 

Овој предмет се уште е во истражнапостапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.

ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.

СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.

Ќе се избориме со сите напади.

Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

 

Back to top button
Close