ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање


Репрезентативецот на Чешка 19-годишниот Методиј Јилек е нов олимписки шампион во дисциплината 10.000 метри брзо лизгање. Тој патеката ја мина за 12:33.43 минути. Ова за него е втор медал откако го освои сребрениот во дисциплината 5.000 метри на Игрите во Милано Кортина.

Второто место и среброто го освои Владимир Семируни од Полска, кој имаше заостанување од 5.65 секунди зад победникот, додека бронзениот медал го освои Јорит Бергсма од Холандија со заостанување од 7.05 секунди зад победникот.

За Чешка ова е четвртиот медал, а втор златен на Игрите во Милано Кортина.

Back to top button
Close