Победи за фаворитите во дуелите од ракометната Супер лига


Ракометните суперлигаши денеска одиграа три натпревари од 21.коло од Супер лигата и на сите победија фаворитите. Најнеизвесно беше во Битола каде шампионот Еурофарм Пелистер го совлада Прилеп со 32:27. На почетокот на вториот дел гостите од Прилеп намалија на еден негатива 17:16, но првакот предводен од капитенот Филип Кузмановски, кој постигна 9 голови стигна до нова победа.

Лидерот Вардар беше убедлив во дуелот со Пролет и славеше со 38:22, а најпрецизни со по 8 голови беа Силва кај Вардар и Андреј Стојановски кај Пролет. Избраниците на Кирил Лазаров, убедливо како „гости“ во Автокоманда ја совладаа Струга со 41:20. Најпрецизен беше Улфар Тордарсон со 7 голови без промашување.

Утре играат Радовиш – Еурофарм Пелистер 2, а во недела е дуелот меѓу Тиквеш и МРК Куманово. Оваа рунда ќе биде комплетирана со натпреварот во среда (18.февруари) меѓу Охрид и Бутел.

Табела: Вардар 40 бодови, Еурофарм Пелистер 36, Алкалоид 35, Охрид 33, Тиквеш 20, Бутел 20, Прилеп 18, Е.Пелистер 2, Пролет 13, МРК Куманово 7, Струга 7, Радовиш 0.

Back to top button
Close