Евролигата одложи два натпревари поради воените дејствија на Блискиот исток

Кошаркарската Евролига објави денеска натпреварите од 30 коло меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хапоел Тел Авив се одложени.
Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради моменталната безбедносна состојба на Блискиот исток и неможноста за патување по привременото затворање на воздушниот простор.
Евролигата објави дека, во соработка со засегнатите клубови, ќе ги разгледа најдобрите можни опции за дополнително одигрување на одложените натпревари.
„Дополнителни информации ќе бидат објавени во наредните денови“, соопшти Евролигата.






