Земјотрес со јачина од 2,2 степени е почувствуван во Тетово и околината

Потресот се случил утрово во 5:21 часот, а е лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово на длабочина од пет километри

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во Тетово и околината, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил утрово во 5:21 часот, а е лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово на длабочина од пет километри.

Според сеизмолозите, се работи за земјотрес со послаб интензитет, кој најмногу го почувствувале граѓаните што се наоѓаат во непосредна близина на епицентарот

Back to top button
Close