Трамп: Не ни треба ничија помош

Американскиот претседател Доналд Трамп, откако голем број западни држави го одбија неговото барање за воена помош во обезбедувањето на Ормуска Теснина, на „Трут соушл“ објави „Не ни треба ничија помош“.

EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Тој наведе дека САД се известени од поголемиот број НАТО сојузници дека не сакаат да се вклучат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блиски Исток“ иако сите се согласуваат дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје.

Тој повтори дека е уништена иранската армија, морнарица, авијација, противвоздушна одбрана, а иранските лидери „повеќе не постојат и никогаш повеќе нема да претставуваат закана по нас, нашите сојузници на Блиски Исток или во светот“.

– Бидејќи постигнавме толку голем воен успех, повеќе не ни треба ниту сакаме помош од земјите на НАТО, НИКОГАШ НЕ НИ БИЛО ПОТРЕБНА! Истото важи и за Јапонија, Австралија или Јужна Кореја. Всушност, зборувајќи како претседател на САД, убедливо најмоќната земја во светот, НЕ НИ ТРЕБА НИЧИЈА ПОМОШ, наведе Трамп на сопствената социјална платформа.

Back to top button
Close