Австралиецот Макевој постави светски рекорд на 50 метри слободно

Австралискиот пливач Камерон Макевој (31) постави денеска нов светски рекорд на 50 метри слободен стил, испливувајќи ја најкратката спринт делница за 20,88 секунди и за речиси една должина на телото дојде до победа на пливачкиот митинг „Чајна Опен“ во Шенжен.
Макевој го подобри за три стотинки резултатот со кој Бразилецот Сезар Сиело стана светски рекордер во 2009 година, кога сè уште беше дозволено користењето на полиуретански костими за капење.
Австралиецот е актуелен олимписки шампион и двократен светски првак во оваа дисциплина, а на трката во Шенжен ги остави зад себе Американецот Џек Алекси (21,57) и сонародникот Кајл Чалмерс (22,01).






