Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.

„Еднс од најфрапантните констатации коишто ги имав во мојот живот генерално, е процентот на боледувања на секој месец во рамки на Министерството за внатрешни работи кога седнав на таа позиција во рамки на техничка влада. Значи, тој процент на боледувања се движи отприлика негде околу 10% во континуитет. И сега, тоа вака ми беше како трн во око, на мое барање, беше отворена истрага во рамки на внатрешна контрола во Министерството, на мое барање лично беше вклучен и ФЗО во рамки на проверките коишто треба да се извршат кај докторите. Поради тоа, беше отворена истрага во рамки на Одделот за внатрешна контрола којашто сè уште не е затворена.
По случаен избор биле одбрани одреден број на случаи, каде што, согласно она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа вака, како процент, ако сме реални. Ова коешто беше констатирано од страна на фондот, се пропусти коишто ги вршеле лекарите. Во рамки на процесуирањето на барањата за боледување на, во конкретниот случај, полициските службеници“, изјави Тошковски објави Скопје1.мк






