Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција
По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДС, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДС, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ.
Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДС и Филипче за нивните настапи во јавноста.
Односот кој Филипче и СДС го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најми да му помогнат на СДС.
Случајно или не случајно тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои се повеќе и повеќе не му веруваат на СДС и не му веруваат на Филипче.
На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДС и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали.
Но, СДС не успева да извлече поука, туку СДС продолжува да тоне во сопствената кал“, вели Манасиевски.






