„Не ја владеат материјата“, им врати Мицкоски на кадрите на Ахмети откако го обвинија дека лаже
По објавата на ДУИ дека за само два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на електрична енергија, што според партијата укажува на недоволен производствен капацитет на ЕСМ и зголемен притисок врз цената за граѓаните, премиерот Хистијан Мицкоски ја поздрави новата реторика на ДУИ, нагласувајќи дека партијата конечно се фокусира на реалните проблеми што ги засегаат граѓаните, како што е моменталната енергетска криза

„Сакам да го поздравам ова ново однесување од страна на ДУИ бидејќи излезе од оние ретро политики коишто беа политики на политичарите од пред неколку децении, кон крајот на минатиот век, и што конечно почнаа да се интересираат за реалните теми коишто, коишто граѓаните вистински ги интересираат. меѓу кои е и овој предизвик којшто денеска се случува, историски предизвик, а тоа е војната во заливот.
Тоа е добро што излегоа од оние пранги на национализам, на етно политика, на фолклор и така натаму, и што конечно ги интересираат реалните проблеми на граѓаните. Но лошото е што не баратаат добро, не ја владеат материјата и тоа што го кажуваат е спротивно на вистината. Затоа што денеска ЕСМ, односно поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќните часови извезува, односно продава на берзите околу 850 мегават-часови, што дневно на компанијата ѝ носи додадена вредност меѓу 100 и 150 илјади евра. Инаку, да, постојат периоди од годината кога се увезува струја, постојат периоди кога ќе се извезува, еве да речеме, сега е отприлика 12 часот, и ако ја погледнете берзата, ќе видите дека цената на струјата е нула или минус. И би било, лошо како компанија ако сега не превземаат електрична енергија од берзата кога е нула или, или минус, и да речеме произведуваме електрична енергија од акумулациите.
Јас сум на дневна комуникација со раководството на АДСМ, односно поранешно АД ЕЛЕМ, и, ааа, оние долгови коишто беа својствени на владата СДСМ и ДУИ, оние трансфери од буџетот 150-200 милиони евра коишто завршуваа во фирми со сомнителни бизнис делки во набавката на мазут, инстант компании коишто носеа јаглен од соседството и така натаму, по цена којашто беше 30 до 50% поскапа, се во минатото. Така што, да бидат спокојни, АД ЕСМ не е таа веќе АД ЕСМ кога беше владата на, на СДСМ и ДУИ. Ова е компанија којашто денеска продава на берза и заработува на дневна основа помеѓу 100 и 150 илјади евра“, вели Мицкоски.






