Седлоски ги објави стартните 11 за дуелот со Данска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги одреди стартните единаесет фудбалери за вечерашниот дуел со Данска. На своето деби на селекторската позиција Седлоски се реши за следните играчи: Димитриевски (голман) – Стојчевски, Зајков, Муслиу (одбрана) – Чурлинов, Елмас, Атанасов, Барди, Херера (среден ред) – Ќамили, Растодер (напад).
На клупата за резерви се: Илиев, Шишковски (голмани), Бејтулаи, Серафимов, Трајковски, Мусовски, Велковски, Николов, Дориев, Ристовски, Миовски и Алими.
Натпреварот Данска – Македонија почнува во 20:45 часот и се игра на Паркен стадионот во Копенхаген.






