Турција обезбеди финале во баражот за СП 2026
Репрезентацијата на Турција е првата која обезбеди пласман во финалето на баражите од европската зона за СП 2026. Во првиот од осумте дуели Турција на домашен терен ја совлада Романија со 1:0.
Стрелец на единстевниот гол беше играчот на премиерлигашот на Брајтон Ферди Кадиогли во 53.минута. За пласман на Мундијалот Турција на 31.март ќе гостува кај победникот од дуелот Словачка – Косово.
Покрај овој дуел вечерва играат уште: Велс – Босна и Херцеговина, Италија – Северна Ирска, Украина – Шведска, Полска – Албанија, Чешка – Република Ирска и Данска – Македонија. Почетокот на овие дуели е во 20:45 часот.






