Се карале за паркинг простор, едно лице повредено
Едно лице е повредено откако имало вербална расправија околу паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода.

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира дека лицето со иницијали В.Т од село Волково вчера попладне по расправија за паркинг место бил физички нападнат од лице кое со остар предмет му нанел повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот





