Изјавите на Филипче се за рубриките хумор и сатира. Мицковски негира распаѓање на владеачката коалиција

Премиерот Христијан Мицкоски со ироничен тон одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека се распаѓа коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„Понекогаш во поинаква рубрика треба да се коментираат неговите изјави – имаше порано хумор и сатира, можеби таму е местото за тие изјави“, изјави Мицкоски.
На директното прашање дали има вистина во тврдењата за распад на коалицијата, премиерот кратко одговори: „Апсолутно не“.
Со ова, Мицкоски ги отфрли шпекулациите за нарушени односи во владејачкото мнозинство, оценувајќи ги како неосновани политички конструкции.
Извор: skopje1.mk






