Филипче: Горд сум на Антикорупцискиот тим на СДСМ, откривме грабеж од 100 милиони евра


Горд сум на Антикорупцискиот тим на СДСМ, со кој откривме криминални тендери, скандалозни тендерски постапки, грабеж од 100 милиони евра, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју во централниот Дневник на МТВ.

Филипче се осврна на активностите на СДСМ, внатрепартиските процеси за зајакнување на тимот и програмата, при што ја нагласи важноста на Антикорупцискиот тим.

„Посебно сум горд на Антикорупцискиот тим на партијата, којшто интензивно работи изминатите месеци. Ја разобличуваме оваа криминална власт, ги објавуваме сите нивни скандалозни тендерски постапки коишто се местени и за луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Тие суми се приближно 100 милиони евра само досега, за овој нецелосен половина мандат, коишто се отидени во џебови на функционери или нивни блиски на ВМРО-ДПМНЕ“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Back to top button
Close