Кузеска: Обвинителот Савески ги исполнува задачите што му ги додели Мицкоски

Новиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели. Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професионалец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „Претходно ја отфрлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше а потоа и ја исфрли. Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа“.

„Ете зошто на власта и требаше обвинител под нејзина контрола. За пас на криминалците во врвот на власта. Претходно, беше елиминирана и обвинителката која ги уапси вмровските началници, инспектори и полицајци осомничени за трагедијата во Кочани. Беше укината суспензијата на вишиот Јавен обвинител Цветановски кој се откажа од гонењето на началникот Латас. На голема врата се враќаат обвинителите од тефтерчињата на Мијалков. Савески лично ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, позната од „бомбите“, каде Мијалков и Гордана Јанкулоска, го договараа нејзиниот избор“ вели Кузеска.

Порача „а нејзиниот сопруг исто така, беше дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски. Тука секако треба да се спомене и Анита Топалова Исајловска, жена на заменик министер на ВМРО-ОКГ. Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Правдата во Македонија е целосно погребана

Back to top button
Close