Сопругата и четирите деца ги заклучил во тоалет – пријавен е 35 годишник од Бит Пазар

МВР информира дека вчера попладне во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот.

Жената кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од сопругот, но не пријавувала во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close