Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија
Како што се очекуваше, Џенаро Гатузо повеќе нема да биде селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

„Азурите“ доживеаја нова фудбалска катаклизма. Тие беа елиминирани од Босна и Херцеговина во плејофот за пласман на Светското првенство, со што го пропуштија најголемото фудбалско натпреварување во светот по трет пат по ред.
Токму затоа целиот сојуз се распадна, и селекторот си заминува.
Џанлуиџи Буфон, директор на репрезентацијата, беше првиот што поднесе оставка, а потоа и претседателот на Италијанската фудбалска федерација.
Гатузо е третиот по ред што поднесува оставка, а наскоро се очекува официјално соопштение, објавува „Скај спортс“.
Поранешниот играч на Милан дојде на клупата на Италија во многу деликатен момент, никој не знае точно поради какви квалификации, бидејќи претходно беше отпуштен од хрватски Хајдук, со кого забележа повеќе од лоши резултати.
Останува прашањето кој ќе го наследи, а Масимилијано Алегри се споменува како прва опција






