(Видео) Хаос во Москва: Украински агенти поставиле бомба, високи офицер бил цел на напад

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Москва спречила терористички напад на висок офицер на полицијата, кој бил цел на планот на Украинската разузнавачка служба
Според ФСБ, украински агенти ја поставиле бомбата во багажникот на електричен скутер паркиран во близина на деловен центар, а нападот требало да се активира далечински кога високиот офицер ќе пристигне до влезот на зградата, пренесува РИA Новости.
Експлозивот од околу еден и пол килограм бил маскиран како полнач за електрично возило. Импровизираниот експлозив содржел метални делови, „шрафови“ и „матици“, што според ФСБ можело да предизвика голем број жртви.
Членови на ФСБ успеале да го спречат нападот и да го запленат експлозивот, а во тек е потрага по лицата кои учествувале во поставувањето на бомбата.






